Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека доколку Иран сака да преговара, САД ќе ја прифатат иницијативата.

– Ако сакаат да разговараат, јас сум на располагање – изјавил Трамп.

Додека тензиите во односите меѓу Вашингтон и Техеран ескалираат, Трамп тврди дека Иран сака договор.

Сепак, врховниот ирански верски лидер, ајатолахот Али Хаменеи, вели дека преговорите со САД нема да донесат ништо добро. Тој вчера изјави дека Иран нема да преговара за прашањата поврзани со оружјето.

Хаменеи истакна дека Иран не сака да купува нуклеарно оружје, не поради санкциите на САД, туку затоа што е забрането според шеријатскиот закон.