Силна експлозија одекна денеска во џамија во авганистанскиот град Кандахар, пренесува АФП. Засега не е познат точниот број на жртви. Експлозијата се случила за време на петочната молитва.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како бегаат во паника и страв. Портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи изјави дека досега се потврдени седум жртви.

Иако сѐ уште никој не ја презел одговорноста за нападот, дописник на „Би-би-си“ од Авганистан на Твитер напиша дека се очекува Исламската држава набргу да објави дека се работи за дело на бомбаш-самоубиец.

Пред точно седум дена експлозија се случи и во џамија во провинцијата Кундуз во Авганистан. Во тој напад, за кој и натаму никој не презеде одговорност, загинаа најмалку 100 луѓе. И двете експлозии се случија во петок кога припадниците на шиитското верско малцинство во голем број доаѓаат на молитва.