Северна Кореја неодамна спроведе тест на оружје од највисок профил откако претседателот Џо Бајден дојде на функција во јануари.
Администрацијата на Бајден постојано порачуваше дека е отворена за обновување на нуклеарната дипломатија со Пјонгјанг „секаде и во секое време“ без никакви предуслови. Северна Кореја досега ги отфрлаше таквите предлози, велејќи дека непријателството со САД останува непроменето.
Јужнокорејската војска опиша дека ракетата е балистичка со краток дострел и лансирана од подморница, наводно од водите во близината на источното пристаниште Синпо, каде што Северна Кореја има огромно градилиште за подморници.