Русија соопшти денеска дека сирискиот режим не користел хемиско оружје во нападите врз бунтовниците во источна Гута, спротивно на она што го претпоставуваат САД.

– Решително ја отфрламе таквата информација – рече генералот Јуриј Јевтушенко, шеф на Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија.

САД денеска го осудија можниот хемиски напад на сириските сили во источна Гута, последното бунтовничко упориште пред Дамаск, каде што во нападите на владините сили загинаа 70 цивили во петокот и саботата.