Туристка од Кина почина во Франција поради последици од новиот коронавирус. Тоа е првата смрт од вирусот потврдена во Европа.

Жртвата е 80-годишна жена од Кина која поради коронавирусот беше хоспитализирана во Париз, потврди француската министерка за здравје Агнес Бузин.

Туристката која е од кинеската провинција Хубеи, жариштето на коронавирусот, пристигнала во Франција на 16 јануари, а во болница е примена една недела подоцна.

Досега само три смртни случаи од коронавирусот се потврдени надвор од копнена Кина – на Филипините, во Хонгконг и во Јапонија.