Британската премиерка Тереза Меј вчера продолжи да се бори да остане на челната позиција на Владата, по сѐ погласните повици да ѝ се изгласа недоверба во парламентот.

Добра вест за Меј вчера стигна од секретарот за животна средина Мајкл Гоув, кој реши да остане во Владата и да ѝ помогне „да го продаде“ договорот во парламентот. Многумина во парламентот сметаат дека Гоув можеби ќе ѝ го зададел најтешкиот политички удар на Меј ако и тој го следел примерот на колегите што поднесоа оставки. Од ЕУ чекаат разврска на политичкиот хаос во Британија, но засега не го откажуваат самитот за брегзит на 25 ноември.