Најмалку шест луѓе загинаа, а 13 се повредени во пожар во апартмански комплекс во центарот на Лас Вегас, пренесуваат американските медиуми.

Според противпожарната служба, петмина од повредените се во критична состојба.

Како што пишува „Дејли мејл“, некои станари скокале од трикатницата за да се спасат од пожарот, но притоа се повредени.

Пожарот избувна во просториите на првиот кат од апартманскиот мотел, а причината се уште не е позната.