Суспензијата на Договорот за пријателство, соработка  и партнерство помеѓу Русија и Украина е против интересите на двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Документот е во интерес на двете земји и неговото поништување нема да им користи на нашите нации – посочи Песков.

Тој одби да ја коментира изјавата на руското Министерство за надворешни работи откако Киев го поништи Договорот и предложи тоа прашање да се пренасочи кон МНР.

Руското МНР вчера испрати протестна нота до Украина, со листа на сите прекршувања на Договорот за за пријателство, соработка  и партнерство.

Во септември 2018 година Русија прими нота од Киев за необновување на Договорот, што беше потпишан во мај 1997 година, а стапи во сила во април 1999 година со договорен рок од 10 години.

Суспензијата на Договорот стапува во сила на 1 април годинава