Кина ги осуди антивладините протести во Хонгконг како „страшни инциденти“ кои предизвикале „сериозна штета во владеењето на правото“.

– Овие страшни инциденти тешко му наштетија на владеењето на правото, на јавниот поредок, стопанството и животот на луѓето во Хонгконг – рече портпаролот на Уредот за работите во Хонгконг и Макао во Пекинг, највисоката власт во оваа поранешна британска колонија.

Во градот во изминатите осум викенди се одржуваат антивладини протести, а вчера дојде до насилни немири помеѓу демонстрантите и полицијата, која употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите.