Кинески воени возила се собираат во Шенжен, град оддалечен само 25 километри од Хонгконг, што е јасен предупредувачки знак од Пекинг до демонстрантите во Хонгконг.

Неколку снимки објавени на социјалните медиуми покажуваат долга поворка воени камиони и оклопни возила што влегоа во Шенжен вчера наутро.

Адам Ни, истражувач на кинеската надворешна и безбедносна политика на австралискиот национален универзитет, на Твитер изјави дека воениот приказ е јасно предупредување на Хонгконг за борбената подготвеност на Кина.