Ирак вчера му ги предаде на Иран посмртните останки на 55 војници убиени за време на војната меѓу двете земји од 1980 до 1988 година, пренесува „Анадолија“.

Казим Јасери, директор на граничниот премин Шаламхех во ирачката провинција Басра, изјави дека останките на иранските војници се пронајдени во област помеѓу Ирак и Иран во која се водеа битките.

„Претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст учествуваа во церемонијата на примопредавање на телата“, додаде Јасери.

Стотици ирански и ирачки војници, кои беа убиени во војната 1980-1988 година првпат беа разменети меѓу двете земји во 2003 година и втора размена имаше во 2008 година.