Автомобил бомба експлодира во Могадишу, во близина на сомалискиот Парламент и претседателската палата, околу 9 часот по локално време, пренесува Си-Ен-Ен.

Како што соопшти локалната полиција, во експлозијата загинале неколку луѓе, а засега нема конкретна информација за бројот на жртви.

Автомобилот полн со експлозив го пробил контролниот пункт пред хотел кој е омилен меѓу владините претставници, пратениците и градската елита. Бомбата била активирана на безбедносен пункт, откако полицајците почнале да пукаат кон автомобилот, изјави полициски службеник.

Ова е втора голема експлозија во главниот град на Сомалија во последните неколку недели. Пет лица и четворица напаѓачи беа убиени во напад на 31 јануари.