Винарницата „Стоби“ ги поканува сите на заедничка прослава на денот на виното, празникот Свети Трифун. По тој повод, „Стоби“ утре од 19 часот организира лајв-стрим на нивната фејсбук-страница. Сите заинтересирани можат да се приклучат на стримот преку следниот линк.

Во рамките на онлајн-настанот ќе има богата забавно-музичка програма, во која ќе учествуваат Дац и Александар, Тамара Тодевска и Атанас Атанасовски. „Стоби“ на овој начин ја носи забавата во вашите домови, со што преку заедничкото дружење ќе можете да уживате во празникот на виното.

„Стоби“ подготвува и изненадување за оние што ќе го следат стримот, за кое деталите ќе ги соопшти дополнително.

Прославата на денот на виното е организирана онлајн, со цел за безбедно одбележување на празникот во време на пандемијата на коронавирусот.