Во железничка несреќа, што се случи попладнево во Португалија, загинаа две лица, а повредени се 35. Несреќата се случила во округот Коимбра кога брзиот воз, кој патувал кон север, се судрил со машина за одржување на пругите во градот Соуре.

Портпаролот на спасувачката служба рекол за „Ројтерс“ дека два медицински хеликоптера, со 163 спасувачи, вклучително и пожарникари, стигнале на местото на несреќата.

Во возото имало 240 патници. 30 патници се со полесни повреди, а петмина се со потешки.

Според локалните медиуми, неколку луѓе останале заглавени во возот. Како што изјавиле сведоци на несреќата, во возот имало паника и вресоци од патниците, кои извикувале: „Сите долу на земја“.