Германија има специјална посредничка улога, што и овозможува да „го држи отворен прозорецот за диалог“ со Русија, посветен на обнова на мировниот процес во Сирија, изјави денеска во Берлин германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.

– Треба да го искористиме овој момент за да го придвижиме политичкиот процес. Во тој дијалог неопходна ни е и Русија – изјави Маас на заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој денеска престојува во посета на Германија.

Маас најави дека можностите за деблокирање на сирискиот мировен процес ќе бидат една од темите на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Групата седум најразвиени држави во светот (Г-7), што претстојниов викенд ќе се одржи во канадскиот град Торонто.