Франција има 191 потврдени случаи на коронавирус, според шефот на јавната здравствена служба Жером Соломон.

Ова е значително повеќе од ден претходно кога беа потврдени 130 случаи, објави „Ројтерс“.

Соломон рече дека три лица починале од коронавируси во Франција досега.