На сите оние кои живеат во Ломбардија и 14 други централни и северни провинции, ќе им треба посебна дозвола за патување, бидјќи Италија воведува карантин во заразените подрачја, а тука спаѓаат и Милано и Венеција.

Како што изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте ќе бидат затворени училиштата, спортските сали, музеите, ноќните клубови и други места во целата земја.

Мерките, најрадикалните преземени надвор од Кина, ќе траат до 3 април, пренесе Би-би-си.

Италија забележа најголем број на случаи на коронавирус во Европа. Строгите нови карантински мерки влијаат врз четвртина од италијанското население.

Бројот на починати во Италија надмина 230 лица, а официјалните лица пријавија над 36 смртни случаи за 24 часа. Бројот на потврдени случаи со коронавирус во земјата веќе изнесува 5.883 лица.

– Ние сакаме да го гарантираме здравјето на нашите граѓани. Разбираме дека овие мерки ќе наметнат жртви, понекогаш мали, а понекогаш и многу големи – рече Конте утрово.