Европа и САД треба да ги зајакнат трансатлантските врски со трговски договор за укинување на царините и реформата на Светската трговска организација (СТО) со цел да се зголеми притисокот врз Кина да игра според меѓународните правила, изјави германскиот трансатлантски координатор Питер Бејер.

– По тешките години под (поранешен претседател на САД) Доналд Трамп, Германија и Европа сега имаат историска шанса да внесат нов живот во трансатлантското партнерство и да ги подобрат односите со САД – изјави Бејер за „Ројтерс“.