Австрискиот Парламент донесе закон со кој ссе овозможува евтаназија на тешко болни лица. Законот беше донесен врз основа на препораките на Уставниот суд и со него се забранува убиство на лице по негово барање, но можно е да се обезбеди помош при умирање.

Со оваа одлука на Австрискиот Парламент, на тешко или неизлечиво болните лица, кои се полнолетни и способни да одлучуваат, им се дава можност да побараат помош за ставање крај на нивниот живот.