Првата австриска министерка со босанско потекло Алма Задиќ доби полициска заштита поради закани од страна на десничарите, пренесуваат медиумите во регионот.

Новоизбраната министерка за правда веќе седум дена е изложена на напади од десничарите, поради своето босанско потекло, а сè било поттикнато од апелот на Слободарската партија на Австрија, која го повикала претседателот на Авструја, Александер ван дер Белен, да не ја прифаќа, поради тоа што судот во првата инстанца ја прогласи Задиќ за виновна за клевета и ѝ изрече парична казна.

На апелот на ФПО се надоврзаа и другите десничарски партии, кои и` се заканија на новата министерка, која со нејзините родители за време на војната во Босна се доселила во Австрија, и ја обвинија за наводна блискост со исламистите, а шефот на екстремните десничари „Идентитарист“, Мартин Селнер, сними посебно видео за тоа.

Од страна на Зелените, каде Алма Зедиќ е член, е укажано дека таа не е верник и дека е угледен правник, но наспроти тоа, на десничарите најмногу во владата им пречи токму таа, бидејќи не е родена во Австрија.

Полициска заштита во Австрија имаат претседателот, канцеларот и министерот за внатрешни работи, додека за останатите членови на владата и политичарите таа мерка е предвидена само по потреба.