Австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук упати честитка до православните верници во пресрет на велигденските празници, истакнувајќи дека богослужбите во Австралија ќе се вршат и на македонски јазик.

Тој ги охрабри верниците да продолжат да ги негуваат нивните вредности.

Хоук го напомена богатиот културен и религиски диверзитет во Австралија, каде што богослужбите ќе се вршат на англиски, македонски, грчки, арапски, руски, украински, амхарски и романски јазик.