Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис денеска во американскиот Конгрес изјави дека верува оти хемискиот напад во Сирија навистина се случил и ја потврди желбата на Вашингтон инспекторите да соберат докази на терен, предупредувајќи дека тоа со одминување на времето станува се потешко.
– Верувам дека имало хемиски напад и бараме докази – рече Матис на сослушувањето пред Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом.
Матис рече и дека една од главните работи кои го загрижуваат во врска со каков било воен удар од страна на САД, е спречување на ескалација „која би излегла од контрола“ на војната во Сирија, во која Русија, Иран, Турција и други, заземаа страни.
Матис ја обвини Русија дека е соучесник во тоа што во Сирија се уште има хемиско оружје, и покрај договорот од 2013 година со кој од земјата се бараше да се ослободи од него и во што Москва посредуваше.