Шведската полиција денеска уапси маж за кој има сомнеж дека бркал неколку луѓе со нож в рака и повредил едно лице, пред да биде фатен пред Полициската академија во Стокхолм.
Полицијата соопшти дека повреденото лице е нападнато во станбена зграда во Худинг, во јужен Стокхолм и е префрлено в болница.
Полицијата се наоѓа на местото на инцидентот и разговара со сведоци во рамки на истрагата за обидот за убиство, се наведува во соопштението.
Весникот „Афтонбладет“ во своето онлајн издание објави дека напаѓачот го фатиле студенти и инструктор во близина на Академијата за обука на полицајци.