Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, утре ќе се сретнат во финалето на Вимблдон.
Ден пред финалето цената на билетите достигна неверојатна цена.
Секој оној што ќе сака да го гледа мечот, а се реши билет да купи денес или утре ќе треба да издвои вистинско богатство.
И тоа е најскапото „парче хартија“ за спортски настан во историјата.
Денеска најевтиниот билет е 10.600 долари, а како што одминува денот цената полека се зголемува.
Ѓоковиќ утре ќе игра за својот осми Вимблдон и 25. Грен слем трофеј во кариерата, додека Алкараз ќе се обиде да го одбрани пехарот освоен пред една година.