КАРАТЕ
- Купот за кадети, јуниори и за помлади сениори (до 21 год.) имаше изборен карактер за состав на репрезентацијата за СП во октомври во Полска
Каратистите на КК Штип со 11 медали (пет злата, две сребра и четири бронзи) се најуспешни во Купот на Македонија за кадети, јуниори и за помлади сениори (до 21 год.), кој се одржа во скопски Петровец. Следуваат Кизаме со шест (4-1-1), Металург со пет (3-1-1), Башкими со пет медали (3-1-1) итн. Купот имаше изборен карактер за состав на репрезентацијата за СП во Бјелско Бијала, Полска (14-18 октомври), а беа пријавени 169 каратисти од 40 клуба.
Победници по категории: Кадети, ката, жени: Марија Димитриева (Сансаи МА). Мажи: Верон Дервиши (Ускана). Борби, жени: Буна Шерифи (до 47 кг, Шкендија), Ерјона Емини (до 54 кг, Шкендија), Ана Марија Мишовска (до 61 кг, Кизаме), Ева Јовановска (над 61 кг, Кизаме). Мажи: Азем Аземи (до 52 кг, Башкими), Матеј Крстовски (до 57 кг, Металург), Марко Џорлев (до 63 кг, Штип), Меритон Зејенели (до 70 кг, Металург), Немања Младеновиќ (над 70 кг, Металург). Кадети, јуниорки, ката, екипно, жени: Сансаи. Мажи: Знашин до. Јуниори, жени, борби: Катерина Јорданоски (до 48 кг, Бонсаи), Блина Горенца (до 53 кг, Добра), Душица Бреслиева (до 59 кг, Штип), Мила Штериева (до 66 кг, Штип), Села Буна (над 66 кг, Дибра). Мажи: Блерат Мемети (до 55 кг, Башкими), Дамјан Митревски (до 61 кг, Кунсуто), Никола Митев (до 68 кг, Штип), Џем Пашов (до 76 кг, Штип). Ката, жени: Блерина Зендели (Ускана). Мажи: Кристијан Главинов (Маверик 2022). Помлади сениори (до 21 год.), ката, жени: Данка Стојкова (Сансаи МА). Мажи: Нуредин Дервиши (Ускана). Борби, жени: Наталија Карова (до 50 кг, Кочани), Илијана Серафимова (до 55 кг, Кизаме), Кенза Фетаи (до 61 кг, Шогун), Ера Коџа (до 68 кг, Дибра), Ердона Зибери (над 68 кг, Фати). Мажи: Цевтан Маргаритов (до 60 кг, Ботони), Вукашин Јовановиќ (до 67 кг, Макпетрол), Или Билали (до 75 кг, Башкими), Реџеп Рушити (до 84 кг, Куштрими), Филип Стојанов (над 84 кг, Кизаме). Г.И.

































