ОДБОЈКА
На последниот настан од меѓународната одбојкарска сезона за годинава, Светското клупско првенство во одбојка за мажи, ќе учествуваат најдобрите тимови на планетата, пишува Светската одбојкарска федерација (ФИВБ). Светското клупско првенство за мажи ќе се одржи во Индија, од 6 до 10 декември.
Перуџа од Италија ќе се обиде да ја одбрани титулата што ја освои во минатата година, а ќе настапат и Халкбанк (Турција), Крузеиро волеј, Итамбе Минас (Бразил), Сантори (Јапонија) и Ахмедабад дефедерс (Индија), пишува ФИВБ.
Екипите од Италија и од Турција на клупскиот мундијал се пласираа преку Лигата на шампионите на Европа, двете бразилски екипи со пласманот на првите две места во јужноамериканското клупско првенство, Јапонците го обезбедија своето место со победата на Азиското клупско првенство, а тимот од Индија ќе ја претставуваат земјата-домаќин, пишува ФИВБ.
На петдневниот турнир шесте екипи ќе бидат поделени во две групи, по тридневни натпревари, најдобрите два тима од секоја група ќе се пласираат во
полуфиналето.
Н.М.