Со денешната одлука на Апелацискиот суд во Париз, лидерката на француската крајно десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, останува осудена за проневера на средства од Европскиот парламент. Сепак, судот ја ублажи претходно изречената забрана за вршење јавна функција, што формално ѝ овозможува да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.
Ле Пен е осудена да дел од затворската казна ја издржи во домашни услови со електронско следење. Таа претходно изјави дека водењето кампања под такви околности би било практично невозможно и дека може да се откаже од кандидатурата, иако законски ги исполнува условите.
Пресудата се однесува на злоупотреба на средства наменети за асистенти на европратеници, кои – според судот – биле користени за финансирање на вработени во партијата Национален собир. Ле Пен ги негира обвинувањата.
Доколку таа се повлече, како можен кандидат на партијата се споменува актуелниот претседател на Национален собир, Џордан Бардела.

































