Фото: „Нова Македонија“

Во Секторот за внатрешни работи Охрид денеска се одржа работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Србија, кои од утре до 31 август ќе патролираат низ Охрид заедно со припадници на македонската полиција, пренесе МИА.

Заедничките патроли се реализираат согласно Протоколот за соработка за време на туристичката сезона, со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните и на бројните туристи од Србија кои престојуваат во Охрид.

Српските полицајци ќе работат во согласност со законите на Република Северна Македонија, нема да носат оружје и ќе им пружаат поддршка на македонските полициски службеници.

Пред почетокот на ангажманот, тие беа запознаени со законските одредби што ја регулираат работата на полицијата во земјава.