АЛПСКО СКИЈАЊЕ

Сезоната на Светскиот куп (СК) во алпско скијање продолжува викендов, со слаломите за жени во Лапонија (Финска) и со првите меѓугранични трки, двата спуста за мажи.
Новата сезона за жени во слалом во Светскиот куп има сѐ, најголемата скијачка во слалом на сите времиња, мноштво високомотивирани етаблирани ѕвезди и група талентирани млади што се подготвени да скокнат на едно ниво повисоко, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС). Првата трка во финскиот Леви е денеска, од 10 часот, а нов слалом е предвиден за утре, во исто време.
Скијачите, пак, имаат две спуст-трки (денеска и утре од 11.30 часот), на патеката што почнува во Швајцарија (Цермат) и завршува во Италија (Червинија). Патеката „Гран Бека“, дизајнирана од олимпискиот шампион во спуст Дидие Дефаго, е со старт на 3.800 метри надморска височина, а целта е на 2.840 метри.

Н.М.