КАРАТЕ – КАДЕТИ И ЈУНИОРИ

Карате-клубот Макпетрол е најуспешен на Купот на Македонија за кадети, јуниори и постари јуниори (до 21 год.), кој се одржа во Охрид. На Купот, на кој настапија 51 клуб со 210 каратисти, Макпетрол освои седум медали, од кои шест златни и еден сребрен, втор е Олимпик спорт со осум медали (5-1-2), трет Штип, исто така, со осум медали (4-1-3) итн. Овој Куп. според одлука на КФМ, беше од изборен карактер за состав на репрезентацијата на Македонија, која ќе настапи на Светското првенство (СП) во Коња, Турција (26-30 октомври). А таму ќе настапат само првопласираните од Купот, додека тројцата најдобропласирани во секоја категорија имаат исполнето норма за учество на Балканското првенство (БП), кое ќе се одржи во Црна Гора, годинава.

Победници по категории: ЈУНИОРИ, ката – жени, Анастасија Минговска (КК Ускана), ката – мажи, Марио Димчевски (Вардар). Борби – жени, Сара Дука (до 48 кг, Уранику), Михаела Мишовска (до 53 кг, Олимпик спорт), Јована Мицовска (до 59 кг, Макпетрол), Мила Панчева (над 59 кг, Штип). Мажи, Недим Шаќири (до 55 кг, Ринија), Матеј Белистојаноски (до 61 кг, Олимпик спорт), Љупче Михајлов (до 68 кг, Штип), Андреј Ангеловски (до 76 кг, Олимпик спорт), Данило Божовиќ (над 76 кг, Макпетрол).

КАДЕТИ, ката – жени, Данка Стојкова (Сансаи метал Апостолов), ката-мажи, Нуредин Дервиши (Ускана). Борби, Катја Апостоловска (до 47 кг, Тигар 2003), Драгана Ефтимовска (до 54 кг, Штип), Јанина Дардишта (над 54 кг, Форца). Мажи, Адријан Зекири (до 52 кг, Маваши), Андреј Стојчевски (до 57 кг, Кизаме), Филип Стојанов (до 63 кг, Партизан Кочани), Марко Филиповски (до 70 кг, Автокоманда), Лука Бацковиќ (над 70 кг, Гладијатор), КАДЕТИ ЈУНИОРИ, ката – екипно, жени Форца, мажи Фунакоши Гичин. ПОСТАРИ ЈУНИОРИ, ката – жени, Мартина Арсовска (Гладијатор), мажи Кристијан Бајовски (Фунакоши Гичин). Борби, Марија Петровска (до 55 кг Макпетрол), Викторија Јовановска (до 61 кг, Макпетрол), Јусра Адеми (до 68 кг, Кеикс), Зана Џеладини (над 68 кг, Дрини). Мажи, Бојан Костов (до 60 кг, Олимпик спорт), Григор Хаџи-Кимов (до 67 кг, Штип), Марио Свинарски (до 75 кг, Олимпик спорт), Витомир Трајковски (до 84 кг, Макпетрол) и Стефан Стојановиќ (Макпетрол). Г.И.