Дино Табаковски

ШАХ – ЕП ЗА МЛАДИ КАТЕГОРИИ, ШЕСТО КОЛО

Четири победи, две ремија и пет порази е вкупниот резултат на македонските претставници во шестото коло на Европското првенство (ЕП) за млади во шах во Мамаја (Романија), кое се игра во шест возрасни категории (до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години).
Победа кај момчињата забележа Дино Табаковски (категорија до 18 години), а кај девојчињата Илијана Велева (до 10 год.), Јована Котушевска (до 12 г.) и репрезентативката Моника Жежовска (до 16 г.). На три кола до крајот на ЕП и понатаму најдобропласирани македонски учесници, 27. со по 3,5 поени, се Антон Златков (до 16 год.) и Велева (10 год.), која е и единствена со три победи. Од другите по 2,5 поени имаат Ахмет Абдурахман, Леонид Петрески и Кирил Николовски, а по два Даниел Стефаноски и Табаковски. Кај девојчињата Жежовска има 2,5, Котушевска два, Надица Велкова и Делфина Огњановска по 1,5 поен.
На ЕП играат вкупно 928 учесници од кои 556 момчиња и 372 девојчиња (13 ИМ, 61 ФМ, 21 ЖФМ), од 46 држави. Г.И.