Ѓорческа се пласира во полуфиналето

Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на вториот тениски турнир во низа во Грција (вкупен награден фонд 25.000 долари), со победата во четврт-финалето над Софија Рокети од Италија, со 6-1 и 6-4. Најдобрата македонска тенисерка е осма носителка на турнирот што се игра на земјена подлога. На претходниот турнир во Грција, минатата недела, Ѓорческа ја освои титулата со пет победи, со само еден загубен сет. Во полуфиналето, денеска, Ѓорческа треба да игра со шестата носителка на турнирот, Мириам Бјанка Булгару од Романија, со која се сретна во финалето минатата недела на првиот турнир во Грција.