Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ѓорческа, која сега има 307 поени, од почетокот на годината напредуваше 30 места

ТЕНИС – ПО ПЛАСМАНОТ ВО ФИНАЛЕТО НА ТУРНИРОТ ВО ТАЛИН

Македонската репрезентативка Лина Ѓорческа забележа скок од 22 места и се најде на 213-то место на најновата ранг-листа на Женската тениска асоцијација (ВТА), објавена вчера, во споредба со листата објавена една недела претходно.
Напредокот се должи на играњето во финалето на турнирот во естонскиот главен град Талин (се играше на тврда подлога, за награден фонд 40.000 долари), по што таа сега има 307 поени и ја делат 18 поени од влез меѓу најдобрите 200 тенисерки во светот. Напредокот на Ѓорческа е вкупно 30 места од почетокот на годината, кога на листата објавена на 2 јануари беше 243-та. Најдобриот пласман на Ѓорческа досега на листата на Женската тениска асоцијација е 170-то место.