Фото: Игор Бансколиев

ФИДЕ – СВЕТСКИ КУП ВО КОМПОНИРАЊЕ ЗА 2023 Г.

На неодамна завршениот 11-ти Светски куп (СК) на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) во компонирање шаховски проблеми за 2023 година (дописен турнир за оригинални проблеми и студии во осум групи), велемајсторот за шаховски композиции Зоран Гавриловски освои специјално почесно признание во групата трипотези, додека проблемите на искусните македонски проблемисти Бошко Милошески, Златко Михајлоски и Никола Столев не беа одликувани. Гавриловски, кој е меѓународен судија на ФИДЕ за шаховски композиции, судеше во групата самоматови, а во оваа група тој е и актуелен светски вицешампион за периодот 2019-2021. Г.И.