ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
Италијанецот Филипо Гана го собори светскиот рекорд во возење велосипед еден час, откако помина 56,792 километри за 60 минути на патека во Швајцарија. Тој го собори претходниот рекорд на Меѓународната велосипедска унија (УЦИ) од 55,548 километри, поставен од неговиот тимски колега од Инеос Гренадиерс, Ден Бигам во август, со разлика од 1,244 километри, а Гана (26) возел специјално дизајниран 3Д-печатен велосипед, пишува „Би-би-си“.
– Тоа е неверојатно, фантастично за мене и за персоналот што работеше на тоа – рече тој.
Италијанецот сега ќе замине за Франција на Светското првенство на патека, кое почнува в среда. Часовниот рекорд е најдолгото растојание поминато со велосипед за еден час и се смета за еден од најпрестижните рекорди во спортот.
Гана, исто така, го собори и рекордот на британскиот возач Крис Бордман од 56,375 километри, поставен во 1996 година, користејќи ја аеродинамичната позиција на возење „Супермен“, подоцна беше забранет од УЦИ, пишува „Би-би-си“.