ШАХОВСКИ ТУРНИР ЗА ВЕТЕРАНИ „ЕСНАФ 2“

Миле Трајковски (рејтинг 2.072, рангиран прв пред почетокот на турнирот) победи на вториот ветерански турнир во забрзан шах „Еснаф“, во организација на ШКВ Скопје 72. Во силна конкуренција на 17 учесници (не помлади од 60 години), од кои тројца ФИДЕ-мајстори (ФМ), Трајковски, кој игра сѐ подобро на овие турнири, освои 5,5 поени, колку и ФМ Љубомир Илиќ (2.037, рангиран втор), но Трјковски е прв поради подобар дополнителен критериум. Трет е искусниот Илија Стошевски (2.018), а четврти Љупчо Ѓоршев (1.940) и двајцата со по пет бода. Победникот на првиот турнир, ФМ Александар Кралевски, не настапи. Турнирот, на кој беа видени многу квалитетни и борбени партии, а лауреатот беше неизвесен до финишот, беше посетен од истакнатиот македонски велемајстор и селектор на ШКВ Скопје 72, Драгољуб Јаќимовиќ, како и од поранешниот македонски првак, Благоја Сотировски-Џагуре.
Табела: Трајковски и Илиќ по 5,5, Стошевски и Ѓоршев по 5, ФМ Димитар Качаковски (1.988) 4,5, Борис Јаневски (1.775) 4, Влатко Бужаровски (1.823), Илија Кромов (1.782), Љубомир Хаџи-Манев (1.901) и Лазо Спасовски (1.825) по 3,5, Никола Пендевски (1.633), Мирослав Ивановски (1.778), Коле Николов (1.872), Атанас Ташевски (1.793) по три, Зоран Јовановски (1.816), Душко Сурловски (1.808) и Томислав Голубовиќ (1.797), по 2,5, поена. Г.И.