Фото: Твитер/Новак Ѓоковиќ

Поранешниот светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ потврди денеска дека добил виза за влез во Австралија и ќе може да настапи на првиот грансслем турнир идната година, Австралија опен, во јануари.

Ѓоковиќ годинава не можеше да ја брани титулата на турнирот во Мелбурн, откако беше депортиран бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

– Навистина ме израдува веста што ја добив вчера. Јасно е дека тоа е големо олеснување ако се знае низ што сè јас и моите најблиски минавме на почетокот на оваа година – изјави Ѓоковиќ, откако попладнево го совлада Андреј Рубљов на завршниот АТП турнир во Торино и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето.

Ѓоковиќ во кариерата има девет титули на Австралија Опен.