Србија во саботата четврти пат во низа стана континентален првак во ватерполо

Репрезентацијата на Србија четврти пат едноподруго е европски првак во ватерполо, по победата на пенали над Шпанија (вкупен резултат 12-10, по четири четвртини беше 7-7), во финалето на Европското првенство (ЕП) во Барселона. Бронзата ја освои Хрватска со победата во мечот за третото место над Италија со 10-8.

Ова е деветти пат едноподруго европската круна да ја освојува селекција од Балканот. Во 2001 година победи тогашна СРЈ, две години подоцна селекцијата на Србија и на Црна Гора, потоа Србија, па Црна Гора, па Хрватска и Србија четири пати во низа од ЕП 2012.

Унгарија останува најтрофејна европска селекција со 12 златни медали од континенталните шампионати.