Натпреварот во автомобилизам на кружни патеки во Кичево е одложен за 18-ти и 19-ти мај, поради учество на хроно екипата на авто-натпревар во БиХ, соопшти техничкиот организатор Кастум Кар од Скопје. Натпреварот првобитно беше закажан за 13-ти и 14-ти април

– Поради ангажираност на хроно екипата на автотрки во БиХ, приморани сме првиот натпревар во автомобилизам на кружни патеки, што требаше да се одржи на 13-ти и 14-ти април, да го одложиме и како нов термин на одржување на овој натпревар го избравме 18-ти и 19-ти мај. Ги разгледавме сите термини во втората половина на април и првата на месец мај, и дојдовме до заклучок дека поради изборите во прв и втор круг и Велигденските празници, единствено како слободен термин ни преостана 18-ти и 19-ти мај. Првиот натпревар ќе се вози на патеката во Кичево, каде ќе се одржат уште два кружни натпревари во рамките на Државниот шампионат во автомобилизам за годинава – истакна Миле Делев, технички организатор на овој натпревар. З.А.