Дејан Георгиевски

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Летните олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми.

Европските квалификации за Токио се одржаа во Софија. Георгиевски во полуфиналето го победи актуелниот олимписки првак, Радик Исаев од Азербејџан со 13-6. Со овој резултат и со претходниот триумф над Динко Шегетин од Босна и Херцеговина со 17-9, македонскиот репрезентативец обезбеди олимписка норма.

Георгиевски е вториот втор спортист од Македонија со обезбедена олимписка норма, претходно тоа го направи борачот Могамедгаџи Нуров.

ЛОИ во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.