Андреас Волф/Фото: Принтскрин

Ракометарите на Киелце се пласираа во финалето на Лигата на шампионите втора сезона едноподруго откако го совладаа ПСЖ со 25-24 на фајналфор-турнирот во Келн.

Германскиот голман на голот на Киелце, Андреас Волф, со две одбрани во самата завршница од мечот, по ударите на Лук Стејнс и Елоим Пранди, имаше клучна улога во триумфот.

Стејнс и Алекс Душебаев на спротивната страна беа најефикасни на мечот со по шест гола.

Киелце во финалето ќе се сретне со Магдебург кој претходно славеше против минатогодишниот европски првак Барселона со вкупен резултат 40-39 по изведувањето на пенали.

Германците беа подобри во изведувањето седмерци со 2-1, откако натпреварот заврши 31-31 по 60 минути игра, а по продолженијата беше 38-38.

Каи Смитс со 11 гола го предводеше Магдебург, додека најефикасен кај Барселона беше Тимоти Н’гесан со девет погодоци.

Финалето на ЛШ се игра утре од 18 часот, додека претходно е закажан мечот за третото место, од 15.15 часот.