Досегашната практика откако беа воведени ваучерите, средствата од приватните компании што дел од данокот на добивка наместо на државата го уплаќаа на сметките на спортските клубови и спортистите, ќе биде променета, па сега државата директно ќе ги дели парите. Овој закон ќе стапи во сила откако ќе биде изгласан во Собранието, а тоа се очекува да биде до крајот на годинава
Владата на Република Македонија на својата 204-та седница одржана во вторникот го утврди текстот на предлогот за изменување и дополнување на Законот за спорт, предложен од Министерството за правда, а поврзан со ваучер-системот, по што предлог-законот ќе влезе во собраниска процедура, каде што ќе треба да биде изгласан за да стапи во сила.
– Предлог-измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување финансиски поттикнувања по основа на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и од неолимписки спортови и за други правни субјекти што имаат решение за вршење дејност спорт, кревање на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување подобри резултати во домашни рамки и на меѓународно ниво – се наведува во соопштението на Владата.
Досегашната практика откако беа воведени ваучерите, средствата од приватните компании што дел од данокот на добивка наместо на државата го уплаќаа на сметките на спортските клубови и на спортистите, ќе биде променета, па сега државата ќе биде таа што директно ќе ги дели парите. Овој закон ќе стапи во сила откако ќе биде изгласан во Собранието, а тоа се очекува да биде до крајот на годинава. Г.И.