Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Тур де Франс во 2025 година ќе почне во Лил, со што по три години почетокот на оваа велосипедска грантур-трка се враќа во Франција, пишува британскиот дневен весник „Индепендент“.
Организаторите ги објавија првите четири етапи. Трката во 2025 година треба да почне со етапа поставена за да им одговара на спринтерите, пишува „Индепендент“. Тур де Франс првпат се возеше во 1903 година, а трката во 2025 година треба да биде 112-та по ред.
Изданието во 2022 година почна со три етапи во Копенхаген (Данска), велосипедистите годинава тргнаа од Билбао (Шпанија), а в година трката ќе почне во Фиренца (Италија), со маршрута што во голема мера го избегнува северот на Франција и која треба да заврши во Ница, а не традиционално во Париз, поради подготовките на Париз за Летните олимписки игри. Н.М.