Фото: Архива

ФУДБАЛ

Ждрепката за состав на групите на Копа Америка, фудбалското првенство на Јужна Америка, кое треба да се игра в година во САД, беше влечена рано утринава во Мајами, а она што се знаеше пред извлекувањето е дека шампионатот ќе го отвори актуелниот светски и јужноамерикански првак Аргентина со меч со ривал од групата А, на 20 јуни, во Атланта. Љубителите на фудбалот ќе можат да проследат неколку интересни натпревари на 20 јуни в година, оти во истиот ден кога е отворањето на Копа Америка, на Европското првенство во Германија на програмата е на пример дерби-натпреварот Шпанија – Италија. Дневни фудбалски маратони со натпревари и на Европското првенство и на Копа Америка ќе има и во други термини. Така, на пример, решавачките мечеви од групната фаза на Копа Америка се во истите денови кога на Европското првенство се дуелите од осминафиналето, потоа четвртфиналињата во САД се од 4 до 6 јули, во Германија на 5 и на 6 јули, а во исти денови се полуфиналињата (9 и 10 јули), како и финалињата (14 јули) на двете натпреварувања, секако, раздвоени со временските зони. Н.М.