Собирот е закажан на 31 октомври во хотелот „Континентал“, а мечевите се предвидени од 3 до 5 ноември во Анкара

РАКОМЕТ – ПОЗНАТ СПИСОКОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ
ДУЕЛИ СО ТУРЦИЈА

Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години и помлади, Раде Стојановиќ, го објави списокот на 18-те играчи за претстојните два пријателски натпревара против соодветната селекција на Турција. На списокот има само еден интернационалец, тоа е голманот Давид Брестовац, кој настапува за германскиот клуб Котбус, додека сите други доаѓаат од домашните клубови: Вардар, Алкалоид, Пролет, Мулти есенс, Голден Арт, Тиквеш, Бутел и Еурофарм Пелистер 2
Собирот на младинците е закажан на 31 октомври во хотелот „Континентал“ во Скопје, а натпреварите е предвидено да се одиграат од 3 до 5 ноември во Анкара. Во план е репрезентацијата (14-18 декември) да настапи и на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.
Список на повикани ракометари: Давид Брестовац (Котбус), Марио Стојановски (Вардар), Иван Галевски, Дамјан Митев, Александар Петковски (сите од Алкалоид), Тодор Узунчев, Давид Димевски, Димитар Узунчев, Валентин Карасманакис (сите од Мулти есенс), Михаел Тотиќ, Томислав Димовски, Андреј Стојановски (сите од Пролет), Андреј Глигоров (Голден Арт), Мирче Калајџиески, Ненад Белистојаноски, Самоил Ристевски (сите од Еурофарм Пелистер 2), Дејан Михајловиќ (Бутел) и Славчо Шулески (Тиквеш). Г.И.