РАКОМЕТ – ЖДРЕПКА ЗА ЛИГА ЕВРОПА

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер денеска ќе ги дознае противниците во групната фаза во Лига Европа (ЛЕ), од 11 часот, во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ), во Виена. Битолчани се сместени во вториот барабан, каде што се и шведски Иштад, швајцарски Кадетен Шафхаузен и шпански Гранољерс. Во четвртиот и во петтиот барабан се поранешните европски шампиони, бундеслигашот Фленсбург и француски Монпелје, потоа шпанска Бидасоа, португалски Спортинг, германски Гепинген, хрватски Нексе… Македонските претставници Бутел и Еурофарм Пелистер 2 беа елиминирани на патот за пласман во групите во ова европско натпреварување. Г.И.


БАРАБАНИ
1: Бенфика, Фуксе Берлин, Екс Ан Прованс, Скјерн
2: Еурофарм Пелистер, Иштад, Гранољерс, Кадетен
3: Татран, Мотор, Валур, Балатонфуреди
4: Фленсбург, Бидасоа, Гепинген, Спортинг
5: Монпелје, Орхус, Бенидорм, Веспрем КФТ
6: Нексе, Агуаш Санташ, Алпла Хард, Ференцварош