Во пресрет на завршниот турнир во ракометната Лига на шампионките (ЛШ) во Будимпешта, Европската ракометна федерација (ЕХФ), според гласовите на повеќе од 26 илјади навивачи, го избра идеалниот тим за сезоната 2018/2019, најдобрата млада ракометарка, како и најдобрата дефанзивка. Место во идеалниот тим добија три ракометарки на бранителот на титулата Ѓер и по една од Мец, Кристијансанд, Ростов Дон и Букурешт.

Така, идеалниот тим го сочинуваат голманката на Виперс Кристијансанд, Катрин Лунде, левото крило на Мец, Манон Хует, левиот и централниот бек на Ѓер, Ане Мете Хансен и Стине Офтедал, како и пикерката Крина Пинтеа.

Најдобриот десен бек е од редовите на Ростов Дон, Ана Вјакхирева, за најдобро десно крило е избрана Јованка Радичевиќ од Букурешт. Најдобар дефанзивец е Едуарда Аморим од Ѓер, а најдобра млада ракометарка Ноеми Хафра од Риал Карго. Улогата на предводник на најдобрите ракометарки сезонава ја доби тренерот на Мец, Емануел Мајонаде.