Фото: Маја Јаневска-Илиева

Женската ракометна репрезентација на Македонија го совлада Исланд со 24-17 во денешниот меч одигран во СЦ „Борис Трајковски“, во рамки на квалификациите за пласман во баражот за учество Светското првенство (СП) годинава во Шпанија. Сара Ристовска беше најефикасна со 11 гола, додека Елена Ѓорѓиевска постигна шест погодоци за Македонија.

По победата над Ис­ланд, ре­пре­зен­та­ци­и­те на Ли­тва­ни­ја и Гр­ци­ја се след­ни­те два ри­ва­ли на Ма­ке­до­ни­ја за обез­бе­ду­ва­ње ме­сто во баражот за плас­ман на Мундијалот.

Ма­ке­до­ни­ја и Ли­тва­ни­ја до­се­га пет па­ти се срет­на­ле во ква­ли­фи­ка­ци­и­те за плас­ман на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, од кои че­ти­ри па­ти во ква­ли­фи­ка­ци­и­те за европ­ски­те првенс­тва (ЕП) и ед­наш за СП. Ма­ке­до­ни­ја има че­ти­ри по­бе­ди од ква­ли­фи­ка­ци­ски­те дуе­ли за ЕП 2010 (33-19, 32-24) и за ЕП 2012 (32-24, 34-25) и ед­но ре­ми од квалифика­ци­и­те за плас­ман на СП 2005 (34-34). Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја, пак, до­се­га ме­ѓу се­бе игра­ле са­мо ед­наш, и тоа во ква­ли­фи­ка­ци­и­те за плас­ман на СП 2011, Ма­ке­до­ни­ја по­бе­ди со 27-21.

Ме­ѓу се­лек­ци­и­те од гру­па­та 2, Ма­ке­до­ни­ја има најм­но­гу учес­тва на СП, пет (1997, 1999, 2001, 2005 и 2007), од кои нај­до­бри­от плас­ман ѝ е сед­мо ме­сто на СП 1997. Исланд учес­тву­вал на СП 2011, на кое го осво­ил 12-то ме­сто, а ед­наш на СП игра­ла и Ли­тва­ни­ја, во 1993-та, ко­га го осво­и­ла 13-то ме­сто.

Плас­ман во ба­ра­жот ќе обез­бе­дат две­те нај­до­броп­ла­си­ра­ни се­лек­ции од се­ко­ја од пет­те гру­пи, а мож­ни про­тив­ни­ци на де­сет­те се­лек­ции се ре­пре­зен­та­ци­и­те на Че­шка, Германија, Ун­га­ри­ја, Цр­на Го­ра, Пол­ска, Ро­ма­ни­ја, Ру­си­ја, Ср­би­ја, Сло­ве­ни­ја и на Шведска. Ждреп­ка­та на двој­ки­те е за­ка­жа­на за по­не­дел­ник.