Фото: ЕПА

ОДБОЈКА – ЕП 2026

  • Финска вторпат во историјата е меѓу четирите најдобри, Словенија четврти пат по ред ќе игра во полуфиналето, Полска продолжува да ја брани титулата, а Франција ќе се обиде да додаде нов трофеј на олимпиското злато од 2024 година

Репрезентацијата на Финска го изненади домаќинот Италија и го освои последниот билет за полуфиналето на Европското првенство (ЕП) за одбојкари, пишува Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ). Поддржани од Јонас Јокела и Лука Мартила, Финска покажа огромна отпорност за да се врати во тајбрејкот и да се пласира меѓу четирите најдобри репрезентации (победи со 3-2), стигнувајќи до оваа фаза од натпреварувањето само вторпат во историјата, пишува ЦЕВ.
Откако Финска го победи светскиот првак во четврт-финалето, сега во полуфиналето ќе игра со олимпискиот шампион Франција (победи на Летните олимписки игри во 2024 година). Словенија четврти пат по ред се пласира во полуфиналето на европските првенства (освои сребро во 2019 и во 2021 година и бронза во 2023 година) и за влез во финалето ќе игра со Полска, актуелен континентален шампион (славеше на ЕП 2023) и победник на Лигата на нациите (годинава).
Откако репрезентациите на Финска, Франција, Словенија и на Полска се меѓу четирите најдобри на ЕП 2026, во полуфиналето ќе има по една селекција од секоја од четирите групи на годинашното одбојкарско првенство, пишува ЦЕВ. Н.М.


ЕП 2026 ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Франција – Романија 3-0
Полска – Германија 3-0
Белгија – Словенија 1-3
Италија – Финска 2-3
ПОЛУФИНАЛЕ
Словенија – Полска 17 ч.
Финска – Франција 21 ч.