Фото: ЕПА

Мавзолејот на легендарниот Пеле е отворен на гробиштата во Сантос, во близина на Сао Паоло, каде е погребан еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, пренесува АП.

На влезот во мавзолејот, кој се наоѓа на вториот кат на гробиштата во Сантос, посетителите ги пречекуваат две златни статуи на Пеле.

АП пренесува дека подот е покриен со вештачка трева, а ѕидовите се малтерисани со фотографии од навивачи на стадионот. Непрекинато се слушаат навивачки звуци, како Пеле уште да игра, додека пак таванот над ковчегот на легендарниот бразилски фудбалер е син.

Пеле беше погребан на 3 јануари, пет дена откако почина на 82-годишна возраст од рак на дебелото црево.

– Ова е направено со многу љубов од луѓето кои го познавале, кои живееле со него. Ова ја покажува суштината на тоа што бил Пеле – изјави еден од синовите на Пеле, Едсон Чолби до Насименто.

Посетите се бесплатни од 9 до 12 часот и од 14 до 18 часот секој работен ден, стои на официјалната веб-страница на гробиштата, на која страна  мора сите посети да бидат однапред резервирани.

Пеле ги освои титулите на Светското првенство со Бразил во 1958, 1962 и 1970 година.